Средовечна Норвежанка уапсена во паркот-шума Гази Баба, полицајци ѝ нашле марихуана и хашиш

Норвешка државјанка доби кривична пријава за производство и продавање дрога, откако полицајци при претрес во парк-шумата Гази Баба ѝ нашле марихуана и хашиш, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.К.К.(45) од Норвешка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 16.06.2022 во парк-шумата Гази Баба во Скопје, полициски службеници кај пријавената пронашле и одзеле марихуана и хашиш смола“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот