Средношколски глас: Оваа учебна година ќе ја запаметиме по избрзаните реформи на министерката Царовска

Фото: Фејсбук

Денес е 10-ти јуни, крајот на уште една школска година. Оваа учебна година ќе ја запаметиме по лошата платформа за учење. Оваа учебна година ќе ја запаметиме по избрзаните реформи на министерката Мила Царовска. Ќе ја запаметиме по лажните ветувања и огромниот притисок врз нас, нашите родители и наставници да прифатиме нешто што не сакаме, изјави на денешната прес конференција, Сара Ацковска од Средношкослки глас.

-Оваа учебна 2020/2021 година ќе ја запаметиме по самоволието на еден министер кој намерно или не, ќе ни скрати часови по историја, часови по македонски, а да ни воведе сеопфатно сексуално образование и тоа од најмала возраст. Мила Царовска ќе ја запаметиме и по незаконското работење, како крај на школската година, денес на 10.06.2021 година и уписи за само еден ден на 14.06.2021 во понеделник, без можност за приговори на учениците и оддржување на советите, а сето тоа проследено со пишување на оценки за време на викенд, во сабота и недела. НИЕ сакаме да учиме – посочи таа.

Ацковска апелира да се слушне нивниот глас.

-Ние сме за враќање во училишните клупи, сакаме хартиени учебници и сакаме нормален тек на нашиот образовен процес. Ние сме иднината на оваа земја. Не дозволувајте да размислуваме да си заминеме – додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот