Средношколски глас контра Сојузот: Постигнатиот договор за матурата е катастрофален и партиски, ќе бараме средба со МОН

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Иако ги поддржуваме претставниците од Сојузот на средношколци, не бевме ниту еднаш контактирани од нив, велат од иницијативата Средношколски глас за „Слободен печат“, кои се против постигнатиот договор за методологијата за полагање на државна матура за оваа година која се состои од два екстерни и два интерни предмети.

За Средношколски глас овој договор е катастрофален, а нивните клучни две барања се да се намали бројот на матурски испити на два екстерни и проектна задача, но и организација на дополнителни часови за дообучување поради „неквалитетната настава поради онлајн часовите“.

Од оваа иницијатива веруваат дека Сојузот на средношколци е со партиска позадина, а велат и оти денеска ќе побараат средба со претставници од Министерството за образование и наука.

– Ги поддржувавме членовите на Сојузот додека не си земаа за право да прифатат во име на сите средношколци ваков катастрофален договор кој најверојатно е прифатен по партиска насока. Нашите следни чекори се да побараме официјална средба со МОН – објаснуваат од Средношколски глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот