Средношколски фронт: Матурантите се чувствуваат измамено од страна на Сојузот во врска со државната матура

Фото: Профимедиа

Матурантите се чувствуваат измамено од страна на Сојузот за средношколци, затоа што договорот што е постигнат е далеку од барањата што ги имавме ние матурантите, велат од движењето Средношколски фронт за „Слободен печат“, во врска со договорот за државна матура кој вчера го претстави лидерот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи, заедно со премиерот Зоран Заев.

Според Средношколски фронт, без разлика на тоа што се прифатени други барања на матурантите, основното барање за полагање на два наместо четири предмети не е исполнето.

– Нашата цел и барање беше да се намали бројот на предмети за полагање за да се олесни спремањето за матурата поради пандемијата и нејзините последици врз образовниот процес. Која е разликата што нема да биде екстерен туку интерен предметот кога на крајот на денот исто ќе се спремаш и повторно ќе имаш 4 предмета – потенцираат од Средношколски фронт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот