Средношколецот Бранко Силјановски го фати светиот крст во Дебар

Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите. Бог се јави, за многу годни да ни е овој голем празник, изјави Силјановски.

На традиционалното скокање по крстот, во духот на големиот Христијански празник Богојавление Водици, во Дебар најсреќен беше Бранко Силјановски, ученик во втора година во дебарската гимназија.

– Пресреќен сум. Ова ми е вторпат како скокам во осветените води во овој базен, а ете денеска ми се насмевна среќата да го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа, радост за сите. Бог се јави, за многу годни да ни е овој голем празник, изјави Силјановски.

За него, како и за другото момче, Давид Василевски, кое скокаше по светиот крст годинешниот кум Коста Аврамовски, иселеник од Австралија имаше обезбедено награди.

– Во Австралија живеам повеќе од три децении, но секогаш во срцето ги носам Македонија и Дебар, каде што сум роден и каде пораснав. Секоја година од пред Божик до Водици сум тука во Дебар. Посакувам здравје, среќа, благосостојба за сите Македонци каде и да се, изјави Аврамовски.

Тој кумството им го предаде на Љупче и Татјана Узуновски, дебрани кои живеат во Скопје.

Светиот крст во базенот, кој се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка” го фрли намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.

На богослужбата и фрлањето на осветениот крст присуствуваа и поголем број дебрани кои живеат во други градови во државава.

Инаку, и Црковниот одбор, за двете момчиња, кои скокаа по светиот крст, обезбеди дарови а со пари Бранко го даруваа и верниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот