Средношколците со добар 3 положиле државна матура

Фото: Слободен печат

На денешната прес конференција во Влада, по повод резултатите од државната матура, министерот за образование и наука, Арбр Адеми соопшти дека резултатите биле добри и има подобрувања од минатите години.

Просечната оцена е 3.47, додека пак лани била 3.42. Англиски јазик е изборниот предмет кој е најмногу избран од учениците, од вкупно 14.103 ученици.

Подобрувања има по предметите македонски јазик и литература, албански јазик, англиски јазик и математика, предмет кој имал најдобри резултати во последни 3 години.

Послаби резултати од минатата година има по предметите историја, биологија, бизнис и турски јазик.

Приговори паднатите ученици можат да поднесат уште утре, на 5 јули. Резултатите од државната матура веќе се истакната по школите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот