СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НАЈАВИЈА БОЈКОТ: Нема настава доколку не им се исполнат барањата

средношколци, протест
Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Второто полугодие од оваа учебна година започнува во четврток, а од Сојузот на средношколците во земјава најавија бојкот на наставата се додека не бидат исполнети нивните барања. 

Како дел од барањата на сојузот се намалување на бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаа на државна матура, наместо четири да полагаат два,  односно првиот предмет да биде задолжителен мајчин јазик, македонски, албански, турски, додека вториот предмет да биде по избор на ученикот. Дополнително, тука ја вбројуваат и проектната задача.

Истовремено, тие бараат МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март да објават и презентираат план и програма, за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испити.

„При составувањето на нашите барања за измена и поедноставување на содржината на државната матура, земавме пример од образовните власти во Франција (кои бројот на испити го намалија дури на еден – по избор на ученикот. Сепак, поради важноста на Уставот и мајчините јазици, сметаме дека и мајчиниот јазик треба да остане задолжителен испит)“, стои во соопштението на Сојузот.

Барањата, како што посочуваат од сојузот, биле предложени и до образовните институции од страна на Сојузот, за време на состанокот со министерката Мила Царовска на 9 декември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот