Средношколци со попреченост ќе добијат стипендии од Град Скопје

Градот Скопје за првпат годинава на 25 ученици со попреченост од средните училишта ќе им додели стипендии во висина од 3.000 денари за период од девет месеци.

Огласот со критериумите ќе биде објавен во понеделник, а апликациите што треба да се достават до архивата на Град Скопје, ќе бидат разгледани од надлежна комисија.

– Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма, велат од Град Скопје.

Стипендиите за средношколците со попреченост се доделуваат по воведувањето на праксата за доделување стипендии на средношколци спортисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот