Средношколци од Берово добија таблети за наставата во новата учебна година

таблети
Таблет за следење дигитализирана настава / Фото: Архива на Слободен печат
На ученици Роми во гимназијата „Ацо Русковски” во Берово им се доделени таблети за да имаат подобри услови за учење во 2020/2021 година, информираше директорот Сашко Корчовски.
– Во соработка со локалната самоуправа, денеска на учениците им беа доделени 20 таблети од претставник од здружението „Ромаверзитас”. За учениците оваа поддршка ќе значи многу за подобра онлајн-настава. Им посакувам голем успех и постигнување  големи резултати во образовниот процес, рече Корчовски.
Здружението „Ромаверзитас” им нуди поддршка на ученици и студенти Роми во повеќе области, а овојпат е одлучено да им бидат доделени таблети на сите ученици од прва до четврта година во средното училиште во Берово, за да можат да ја следат наставата во новата учебна година.
Од здружението соопштија дека за таблетите ќе биде потпишан реверс на една година и потоа таблетите уредно ќе треба да бидат вратени за да може да ги користат други ученици.
Во пресрет на учебната година, здружението ќе донира вкупно 210 таблети на ученици Роми во целата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот