Среде полициски час, маскирано лице запалило познат скопски ресторан (ВИДЕО)

Утрово околу 3:15 часот, непознат маскиран сторител со бензин го полеал и подметнал пожар на угостителскиот објект Опера бар кој се наоѓа во склоп на објектот на Националната опера и балет.

Порталот А1он објави видео од безбедносните камери на кои се гледа подметнувањето на пожарот, а сопственикот им се пожалил дека надлежните не го гонеле сторителот по службена должност за потешко дело како „предизвикување општа опасност“ туку го советувале дека поради малата штета треба да гони приватно.

Иако во пожарот не била зафатена внатрешноста на објектот, сепак сопственикот потврдил дека има голема материјална штета, бидејќи стаклата биле испукани, пишува порталот.

СВР Скопје потврди дека инцидентот е регистриран и се работи на него. По налог на дежурната обвинителка, делото е заведено како „оштетување туѓи предмети“ кое се гони по приватна тужба и за кое е предвидена или парична казна или затворска казна до 3 години доколку има потешки последици.

Подметнатиот пожар се случил во време кога е полициски час, а сторителот дошол од правец на јавното обвинителство и МНР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот