Средби на Димитров со Борел, наследникот на Могерини и со советникот на Макрон, Клеман Бон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан” организиран од Светскиот економски форум во Женева, денеска се сретна со шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата со шпанскиот министер и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел, биле разменети мислења за неколку теми, со акцент на очекувањата за временската рамка за ратификација на Пристапниот протокол на Северна Македонија кон НАТО, со оглед на претстојните избори во Шпанија, како и за европската перспектива за регионот, ЕУ аспирациите на Северна Македонија и следните чекори по октомврискиот Европски совет.

Прочитајте и...  Во Дебар 45-ти ден нема новозаразени со КОВИД-19

Притоа, се додава во соопштението, стана збор и за последиците од исходот на Самитот за земјава и регионот, можниот развој на настани во регионален контекст, како и за приоритетите во работата на високиот претставник на ЕУ.

– Министерот Димитров, посакувајќи му на Борел успех во извршувањето на претстојната значајна функција, изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе дојде до суштинско и мериторно придвижување на земјите од регионот кон ЕУ, истакнувајќи дека: „европски Западен Балкан е заеднички стратешки интерес и на ЕУ и на нашиот регион”, стои во соопштението.

Со советникот на претседателот Макрон, Клеман Бон, министерот Димитров, како што се посочува во соопштението, имаше отворен разговор за тоа како да се овозможи заедничка победа и успех преку адресирање на грижите на Франција, на Европската Унија, Северна Македонија и на регионот.

Прочитајте и...  Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Прочитај повеќе

Италија предупредува: ЕУ ќе се распадне доколку Италијанците ги смета за лепрозни

Слободен печат

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекувње од СЗО

Слободен печат

Ова е новиот лик на Клиничкиот центар во Скопје (ФОТО)

Слободен печат

Забава во Шпанија скапо го чини белгискиот принц, се заразил во ковид-19

Слободен печат

Папата отвора летен камп за децата на вработените во Ватикан

Слободен печат

Талибанците не мируваат: Бомбашки напад врз ТВ екипа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Спејс икс“ успешно ја лансираше ракетата „Фалкон 9″ (ВИДЕО)

Слободен печат

Запознал девојка на „Тиндер“, ја довел дома и брутално ја убил, потоа сам повикал полиција (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија 111 смртни случаи од коронавирусот, 416 новозаразени

Слободен печат

Драма на небото над Индија: Авион вратен во Москва, пилот бил позитивен на корона

Слободен печат

Афера „респиратори“: Обвинителството на БиХ бара притвор за премиерот Фадил Новалиќ

Слободен печат

Трамп ги предупреди демонстрантите: Соберете се пред Белата Куќа, но ќе ве пречекаат најжестоките кучиња

Слободен печат