Средбата на 20-те водечки економии во светот започна

Фото: EPA-EFE/EUGENE HOSHIKO

Средбата на врвот на 20-те водечки економии во светот почна денеска во јапонскиот град Осака. Премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе ги поздрави учесниците по што почнаа дебати под претседателство на домаќинот. Абе повика лидерите да упатат категорична порака за поддршка на „слободна и фер” трговија.

На отворањето на дводневната средба на врвот на Г-20 во Осака, Абе рече дека Јапонија ќе настојува за подобрување на системот на мултилатерална трговија и преговори за договор за економска соработка.

– Денеска сакам да разговарам за мерки со лидерите со кои ќе направиме следен чекор кон реформи на Светската трговска организација, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот