Средбата меѓу Бајден и Џонсон ќе се одржи денеска, а еве за што ќе се разговара во Лондон

Џо Бајден / Борис Џонсон / Колаж: СП.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Лондон, ќе одржи средба со американскиот претседател Џо Бајден, каде ќе се говори за заедничките визии како светот ќе закрепне од пандемијата на ковид-19.

Состанокот ќе се фокусира на климатските промени, безбедноста, глобалниот трговски систем и бранењето на демократијата, а ќе се зборува и за како безбедно да се патува низ светот, пренесуваат од Даунинг Стрит.

Тие ќе разговараат околу несогласувањето на ЕУ со Британија околу Брегзит, како и за проблемите со Северна Ирска.

Се очекува двата лидера да се согласат за тоа што е најавувано како новата Атлантска повелба, слична како онаа од 1941 помеѓу Винстон Черчил и Френклин Рузвелт за повоената меѓусебна соработка, пренесува Скај Њус.

Џонсон во пресрет на состанокот изјави дека Чурчил и Рузвелт тогаш размислувале како да му помогнат на светот да се опорави од војна, а денеска тој со Бајден ќе размислуваат за решавање на помалку застрашувачки, но битен предизвик, справедување со последиците од пандемијата на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот