Средба Заев – Чаба: Нови историски можности во евроинтеграциите и економијата за граѓаните и за државата

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Катлин Чаба, амбасадорка на Канада, која го завршува својот мандат во нашата држава. На состанокот, според владината прес-служба, било констатирано дека пред државава и граѓаните се нови историски можности во евроинтеграцискиот процес и во економскиот развој и во таа насока е пренесена цврста поддршка од Канада и за евроинтеграциите и за унапредувањето на економијата. Истакната е важноста на лидерството на премиерот Заев во решавање на важните прашања што овозможија членство на нашата држава во НАТО и одлука за почеток на преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Премиерот Заев изрази благодарност за пријателската и принципиелна поддршка од канадскиот премиер Џастин Трудо, кој ја охрабрува и нашата држава, како што охрабрува и во светот со неговите позитивни политики за граѓаните, а благодарност е упатена и до граѓаните на Канада и за личниот придонес на амбасадорката Чаба, во успесите на историските настани за Северна Македонија.

Прочитајте и...  ЈП „Водовод и Канализација“: Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
– По членството во НАТО, со нашите мирољубиви политики сме посветени да ги исполниме очекувањата на Алијансата за наш придонес во регионот и во светот. Воспоставените добрососедски односи сега се насочени кон ефикасна економска соработка. Сѐ што правиме е за подобар живот на граѓаните. Фокусирани сме на имплементација на реформите во сите области, посебно во делот на владеење на правото, затоа што тоа е важно за напредокот во евроинтеграциите, но е важно и за сигурноста на нашите граѓани, а и за инвеститорите кои сакаат да вложуваат во држава со функционална правда, рече премиерот Заев.
На средбата е оценето дека потврда за добрите пријателски односи меѓу Северна Македонија и Канада е соработката за време на здравствената криза. Премиерот Заев изрази благодарност за канадската донација од 250.000 канадски долари, за надминување на последиците од здравствената криза. Изразена е благодарност и од Канада до нашата Влада за успешното враќање на канадските граѓани во родната земја, во време кога беа затворени границите.
– Констатирано е дека пред двете држави се можности за поинтензивна соработка на економски план, како и меѓу министерствата за внатрешни работи и за одбрана на двете држави, соопшти владината прес-служба.

Поврзани вести

Лавров во среда во работна посета на Србија

Слободен печат

Вториот ковид бран „коси“, раст на бројот на заразени и на починати, Филипче апелира на одговорност

Слободен печат

Митко Јанчев ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се бира претседател на непосредни избори

Слободен печат

Заедничко соопштение на Стејт департмент, на Ерменија и на Азербејџан: Примирје во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Ребалансот на Буџетот чека на усвојување во Собрание: Приходите пониски за 0,2 отсто, расходите повисоки за 4,2 отсто

Слободен печат

Собрание: Закажани седници на четири комисии

Слободен печат

Остави Коментар