Средба за реализација на проектот за гасно поврзување со Грција

фото: МИА

Реализцијата на проектот за гасна интерконекција со Република Грција беше тема на деншниот состанок во МЕР АД Скопје со претставници на Европската инвестициска банка, Energy Community, WBIF, консултантската куќа Connecta, Mинистерство за економија и Секретаријат за европски прашања.

Како што информираат од МЕР на средбата присутните заемно се информираа за текот на реализација на обврските, со цел забрзување на активностите за проектирање на инфраструктурниот проект, основен проект и студија за влијанието врз животнатата средина.

Проектот ќе биде финансиран дел со грант средства од WBIF, дел со кредит Европска Инвестициона Банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот