Средба во Софија и на копретседателите на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историја

Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев
Ангел Димитров и Драги Ѓоргиев / Фото: МИА

Во тек е работниот дел од заедничката седница на двете влади со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Во исто време почнаа и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади, информираат од македонската влада.

На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

Пред почетокот на седницата Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.

„Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народи.

Утврдувањето на заедничкиот календар на владите и на работните групи е од посебно значење за процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија низ реализација на реални планови и проекти, рече Петков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот