Средба Сиљановска Давкова-Тајани: Главна тема евроинтеграциите

фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Унапредување на соработката помеѓу Македонија и Италија, тековните состојби на македонскиот пристапен процес за членство во Европската Унија, актуелните случувања во регионот… Ова биле главните теми на средбата помеѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Антонио Тајани.

„Соговорниците изразија задоволство од активниот и континуиран политички дијалог, којшто е потврда на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји. Истакнувајќи дека членството во Европската Унија е наш стратешки приоритет, претседателката изрази благодарност за континуираната поддршка од Италија на македонските евроинтеграции и доследното застапување на политиката на проширување на Европската Унија“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Во интерес на стабилноста, просперитетот и економскиот раст, претседателката Сиљановска Давкова ја потенцирала неопходноста од забрзување на пристапувањето кон ЕУ и изрази очекување дека со помош и силна поддршка од нашите вистински пријатели, земјава ќе успее полесно да го изоди европскиот пат.

„Во таа насока, претседателката ја потврди посветеноста на исполнување на реформската агенда, одржување на добрососедските односи и активна регионална соработка. Потенцирајќи дека Италија е наш важен политички и економски партнер, претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји и натамошно дополнително јакнење на безбедносната соработка во рамки на НАТО Алијансата. Претседателката ја истакна подготвеноста и за унапредување на соработката преку културната и јавната дипломатија и ја посочи можноста за соработка со италијанските региони во областите на туризмот, младите и спортот, како и во областа на креативните индустрии“, соопштуваат од Кабинетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот