Средба Шолц – Макрон во Берлин: Добрата соработка меѓу Франција и Герамнија е важна за цела Европа

Шолц - Макрон во Берлин/ Фото John MACDOUGALL / AFP / Profimedia

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го пречека Емануел Макрон во Берлин и, говорејќи на прес-конференција, му честита на францускиот претседател за неговиот неодамнешен реизбор.

Тој вели дека добрата соработка меѓу Франција и Германија е важна, а двете земји „добро соработуваат за Европа заедно да работи подобро“.

Никој не можеше да знае дека војната во Украина ќе избие, вели тој, или дека „илјадници и илјадници ќе доживеат смрт и уништување“ како резултат.

„Доживеавме пресвртница во историјата“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот