Средба Пендаровски – Пјат: Поддршката од САД за Западен Балкан е исклучително важна

Стево Пендаровски и Џефри Пјат
Стево Пендаровски и Џефри Пјат / Фото: Фејсбук, Стево Пендаровски

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Атина се сретна со американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, на која било разговарано за случувањата во регионот и односите меѓу Северна Македонија и Грција.

– Разговаравме за случувањата во регионот и за односите меѓу Северна Македонија и Грција. Поддршката од САД за Западен Балкан е исклучително важна за напредокот и демократскиот развој на нашите земји, објави Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Претседателот Стево Пендаровски престојува во прва официјална посета на Атина, во рамки на која вчера оствари средби со грчката претседателка и грчкиот премиер.

Извор: МИА

ФОТО+ВИДЕО | Заев: Ако декларациите на ЕУ не се преточат во дела ќе се направи непоправлива штета врз големата европска идеја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот