Средба Пендаровски – Илјас: Градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество

Фото: МИА

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Демократската партија на Турците на Македонија, Бејџан Илјас.

Двајцата лидери констатирале дека во овој важен период за државата целата политичка енергија треба да се насочи кон исполнување на реформските приоритети од интерес на сите граѓани, со цел напредок на евроатлантскиот пат.

„Во тој контекст, претседателот Пендаровски порача дека припадниците на турската етничка заедница во Република Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество“ соопшти Кабинетот на Претседателот.

Лидерот на Демократската партија на Турците, воедно, упатил честитки до Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посакал успех во неговата работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот