Средба Пендаровски – Додик: Не е фер што Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ

Додик е во дводневна посета на Скопје, а во моментот е на Светосавска академија каде што ќе му биде врачено најголемото признание на српскиот народ во Македонија – Светосавската повелба.

Српскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и претседателот Стево Пендаровски на средбата која се одржува во Скопје разговарале за актуелната состојба во двете земји и во регионот.

Како што јавуваат српските медиуми, Пендаровски го пофалил економскиот раст во Република Српска, додавајќи дека ќе се одрази и на стандардот на граѓаните.

Тој го поддржал формирањето на Советот на министри и изразил уверување дека функционирањето на властите на ниво на БиХ ќе придонесе во економскиот развој и нејзините ентите Република Српска и Федерацијата БиХ.

На состанокот се зборувало и за европскиот пат на Македонија и БиХ.

Додик рекол оти не е фер што Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Додик е во дводневна посета на Скопје, а во моментот е на Светосавска академија каде што ќе му биде врачено најголемото признание на српскиот народ во Македонија – Светосавската повелба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот