Средба Османи-Ковни: Ирска поддршка за имплементација на реформите во земјава

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари видео средба со Сајмон Ковни, министер за надворешни работи и одбрана на Ирска на која се заблагодари за искреното пријателство и континуирана поддршка на Ирска за европската интеграција на државава.

Како што соопшти МНР, Османи на средбата изразил очекување дека наскоро ќе бидат отворени нови страници во односите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ) преку отпочнување на пристапните преговори.

– Северна Македонија продолжува со својата визија за отворен пристап кон европските партнери, без разлика дали се од нашето поблиско или подалечно опкружување, засновано на определбата за пријателство, широка соработка и меѓусебно почитување, истакнал Османи.

Министерот Ковни се осврна на добиената поддршка од Северна Македонија во однос на нивниот избор за непостојана члена на Советот за безбедност на ОН за 2021-2022, реафирмирајќи ги целите за мир и мирно решавање на конфликтите, соочување со климатските промени, постигнување одржлив развој и родова еднаквост.

Во однос на европските перспективи, ја повтори поддршката на ирската Влада за имплементација на реформите во нашата земја и надеж за постигнување напредок во процесот на приближување кон  европското семејство.

Соговорниците разговараа и за билатералната соработка, при што  искажаа задоволство од јакнењето на односите и соработката, што се рефлектираше преку поставувањето нерезидентни Амбасадори на Северна Македонија и Ирска оваа година. Воедно, го акцентираа потенцијалот за натамошно продлабочување на комуникацијата во областите од заеднички интерес, стои во соопштението на МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот