Средба на Заев со амбасадорката Галовеј: НАТО членството нека биде охрабрување за британските инвеститори да инвестираат во С. Македонија

Премиерот Зоран Заев се сретна со амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата држава, Рејчел Галовеј. На средбата е изразено очекување за уште поактивно унапредување на соработката во сите области, по потпишаната спогодба за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Со тоа, како што е оценето, се создадени можности за проширување на билатералните односи во сите области. Како пример за добрата соработка е посочено и меѓусебното признавање на возачките дозволи за што во фаза на заокружување се формалните процедури.

На средбата била соопштена и заедничка определба за зголемување на економската соработка, иако Обединетото Кралство и денес е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава.

– Фокусирано работиме на економскиот развој затоа што ни е важен економскиот стандард на граѓаните. Во таа насока веруваме дека НАТО членството е охрабрување и за инвеститорите и од Обединетото Кралство и од другите земји членки, да инвестираат тука. Во тек се и реформите во правосудството, со коишто очекуваме ефикасност и транспаретност во областа, што е важно за европските перспективи на државата, но и за граѓаните и инвеститорите, рекол премиерот Заев, стои во соопштението.

Премиерот Заев и амбасадорката Галовеј разговарале и за помош и споделување искуства од Велика Британија во областа на безбедноста, на владеење на правото, на образованието и на медиумите.

Премиерот Заев се заблагодарил на амбасадорката Галовеј за поддршката на кандидатурата на нашата држава за претседавање со ОБСЕ во 2023 година, како и за успешната соработка во областа на одбраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот