Средба на Шмит со политичари во БиХ за неколку недели

Архива

 Високиот претставник во БиХ Крстијан Шмит рече дека за неколку недели ќе се сретне со политичарите во БиХ за да разговара со нив за следните чекори кога станува збор за Изборниот закон во БиХ.

Шмит во изјава за Федералната телевизија нагласи дека им рекол на политичарите во БиХ да подготват идеи до август или септември.

„Се надевам дека некои работи, како блокадата, ќе се решат. И тогаш ќе се решат други работи. Тогаш ќе донесеме одлука во соодветно време – ќе се фокусирам на она што е важно за граѓаните”, додаде Шмит.

Тој посочи дека тактизирањето на сметка на граѓаните е минато.

„Јас не разликувам дали некој е од една или друга партија. Во сите партии има луѓе кои се во право и не. Станува збор за одредени политички одлуки кои мора да се донесат”, рече Шмит.

Шмит вчера воведе технички измени во Изборниот закон на БиХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот