Средба на претседателот Пендаровски со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи и притоа беше нагласен интересот за интензивирање на економската соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка и помош од Шведска, која е силен поддржувач на политиката на проширување на Европската Унија и изрази очекување дека Северна Македонија и Шведска и во иднина ќе ги јакнат меѓусебните односи и врски преку постојано унапредување на соработката и поддршка на македонските евроинтеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот