Средба на претседателот Џафери со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.

 

Претседателот изрази благодарност за холандската поддршка на политиката на проширување на ЕУ како и силната поддршка на Република Северна Македонија во процесот на спроведувањето на реформите. Тој изрази жалење што во текот на германското претседателство со Европската Унија не беа надминати разликите со Бугарија и со тоа не беше отворен патот до првата меѓувладина конференција.

 

Нагласувајќи дека каналите за комуникација остануваат отворени и дијалогот меѓу двете држави продолжува, Џафери изрази надеж дека во претстојниот период разликите ќе бидат надминати. Тој потенцираше дека владејачкото мнозинство формирано по изборите во јули, останува целосно посветено на европската агенда и продолжува интензивно да работи на реализација на сите активности за европеизација на земјата и нејзиното приближување кон евроатланските структури.

 

 

Амбасадорот Јан Коп и одаде признание на државата што во услови на техничка влада, вонредна состојба и пандемија, успеа да одржи фер и демократски избори и во кратко време да формира Влада. Фактот што Република Северна Македонија доби зелено светло за отпочнување на преговорите во март 2020 година, според Јан Коп значи дека, прашањето за членство на државата во ЕУ не е дали, туку кога.

 

Двајцата соговорници разменија мислења за одвивањето на законодавниот процес  во услови на пандемија, а ја пофалија и добрата соработка меѓу двете држави во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации како Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на OБСЕ и Интерпарламентарната унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот