Средба на премиерот Заев со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС”

Зоран Заев и здружение „Феникс“

 Претставници од Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС”, предводени од претседателот на здружението Лазо Наумов денеска на средба со премиерот Зоран Заев, му изразија благодарност и му врачија плакета за отвореноста за соработка и покажаното разбирање за решавање на прашањата што ги засегаат членовите на здружението.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е истакнато дека првпат, после многугодишна запоставеност, еден премиер покажува заинтересираност за нивна помош и поддршка. Разговарано е, се наведува, и за повеќе актуелни прашања, посочени како важни од страна на претставниците на здружението „ФЕНИКС”.

Во таа насока, договорено е разгледување на досегашната примена на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на паднатите борци и заложба за доследна примена на Законот од страна на сите надлежни институции на системот, стои во соопштението на Владата. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот