Средба на премиерот Заев со претставници на Македонската горанска заедница на Косово

Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на Македонската горанска заедница на Косово, претседателот Авнија Рахте и секретарот и координатор Аце Димовски.

Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот се поздравени интегративните политики на премиерот Заев и реализацијата на концептот „Едно општество за сите”.

– Констатирано е дека политиките на пријателство и дијалог на премиерот Заев се пример и силен поттик за соработка и почитување како меѓу граѓаните во државите од регионот, така и за добрососедските односи. Во таа насока е пренесено дека резултатите од политиките на пријателство и грижа се гледаат и граѓаните Горанци тоа го ценат, се додава во соопштението.

На состанокот е разговарано за помош и поддршка на некои проекти важни за Горанците во Косово, од страна на Владата во нашата држава, согласно законските можности.

– Соопштено е дека Македонската горанска заедница на Косово како невладина организација е регистрирана во октомври во 2007 година, со што е овозможена институционална соработка на Македонската горанска заедница којашто е традиционално присутна во Косово со тамошните власти, информира владината прес-служба.

Соработката, како што се посочува во соопштението, се однесува на прашања од економски и социјален карактер, односно подобрување на животните услови на Македонската горанска заедница на Косово, како и за заштита, грижа и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски континуитет и статус.

– Бидете уверени дека се грижиме и ќе се грижиме за сите граѓани, вклучувајќи ги и Горанците кои живеат и работат во Косово, кои се мирољубиви луѓе и со својата конструктивност придонесуваат во мирот и во развојот во пошироки рамки, рече премиерот Заев на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот