Средба на пратеникот Рамчиловиќ со делегација на младите на СДА на БиХ

Средба на Зекир Рамчиловиќ со претставници од БиХ
Средба на Зекир Рамчиловиќ со претставници од БиХ / Фото: МИА

Претседателот на Парламентарната група за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ денеска во Собранието на РС Македонија имаше средба со делегација на младите на СДА на БиХ, предводена од Адмир Лисица.

Рамчиловиќ на средбата досегашните односи меѓу двете земји и нивните народи ги оценил како блиски и пријателски и го потенцирал високото ниво на правата на Бошњаците.

-Нашите две држави се многу слични, и за да имаме напредок потребно е по клучните прашања како претставници да имаме консензус и разбирање во интерес на просперитетот и стабилноста, еднострани одлуки не се добри. Во таа насока Република Северна Македонија е голем пријател на Босна и Херцеговина, со целосно почитување на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, не само билатерално, туку и како членка на НАТО, каде ја подржуваме во остварувањето на нејзината стратешка цел и сметам дека местото на Босна и Херцеговина е токму во НАТО, истакнал Рамчиловиќ.

Лисица, пак, на средбата истакнал дека БиХ и РСМ немаат отворени прашања и изразил задоволство од степенот на почитување на правата на Бошњаците, што, како што нагласил, е од големо значење и за Бошњаците и сите граѓани во матицата Босна и Херцеговина.

-Важно е одличната соработка помеѓу Бошњаците од двете држави дополнително да се интензивира и тие како дел од младинските политики ќе вложат максимални напори за подобрување на соработката во иднина, истакнал Лисица.

На средбата се разговарало и за конкретни проекти во обезбедување на школска литература и лектира на босански јазик за училиштата, организација на едукативни екскурзии, но и друга соработка во областа на културата, образованието и економската соработка.

Видео на денот