Средба на министерот Спасовски со директорот на МАРРИ, Сашко Коцев

Фото: mia.mk

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска одржа работен состанок со директорот на Регионалниот Центар на регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци МАРРИ, Сашко Коцев.

Министерот Спасовски изразил задоволство што Република Северна Македонија раководи со МАРРИ и што овој Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите што ги опфаќа мандатот на самата Иницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој Центар ќе продолжи и во иднина.

Како што соопштија од МВР, директорот Коцев ја искористил можноста да се заблагодари за континуитетот на поддршката на МАРРИ, а воедно информирал дека е започнат процес на реформи на организацијата чија цел е таа да биде пофункционална.

– Во овој контекст формирана е Заедничка база на преведувачи во областа на азилот и миграциите, Регионална платформа за размена на миграциски статистики на Западен Балкан и воспоставена е  соработка со ЕАСО во чии рамки МАРРИ ќе стане центар за обука во областа на азилот и миграциите, се наведува во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот