Шахпаска со Силвестри: Северна Македонија има силна поддршка од Р. Италија во борбата за заштита на човековите права

Шахпаска со италијанскиот амбасадор Силвестри

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпака денеска се сретна  со Н.Е.  Андреа Силвестри, амбасадорот  на Република Италија во нашата држава.

Министерката  ја истакна блиската соработка со Република Италија, пријателските односи помеѓу двете земји  и поддршката која ја добива нашата држава  на евроинтегративниот пат.

Притоа, таа се осврна на изминатиот период и соочувањето со предизвиците кои ги донесе  пандемијата, како и  политиките и мерките кои ги донесе Владата на РСМ , со цел полесно премостување на кризниот период, преку помош и поддршка на компаниите, стопaнството  и граѓаните. Таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за најранливите категории на граѓани, овој период донесе ефективни мерки со цел помош на оние кои им е непоходна, ранливите категории на граѓани.

Амбасадорот Силвестри ги поздрави законските решенија кои Министерството  за труд и социјална политика ги донесе изминатиов период,  а се однесуваат на заштита на човековите права, антидискриминацијата, заштитата на жените од насилство и семјното насилство и ги посочи како мошне значајни за граѓаните на нашата држава.

„Законот за заштита и спречување од дискриминација кој  беше донесен уште првиот месец од мандатот на оваа Влада има големо значење во смисла на заштита и спречување од секаков вид на дискриминација, пол, расна и етничка припадност или убедување. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи. Особено значајна е и Комисијата за спречување  и заштита од дискриминација, која претставува професионално и независно тело, избрана  на  транспарентен начин, “ истакна министерката Шахпаска.

На средбата се  разговараше и за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, решение кое е пример за демократија и за кое гласаа и опозицијата и власта заедно. Законско решение на чија импплементација се работи во моментов.

Соговорниците разговараа и за Законот за работни односи, промените кои треба да се направат согласно новите потреби кои ги налага современото општество и  унапредување на работничките права.

Двете страни изразија уверување за понатамошна продлабочена соработка во полето на надлежностите на Министерството за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот