Средба на министерката Шахпаска со директорот на Државниот завод за статистика, Симовски

Министерката за труд и социјaлна политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски на која што разговaрaa за претстојниот попис на населението на Република Северна Македонија и за потребата од евентуална меѓусебна соработка во делот на попишување на бездомните лица.

Пописот на населението, како  статистичка операција ќе биде спроведена од  Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. Притоа, од страна на директорот на ДЗС, Симовски беше истакнато  дека институциите се подготвени, како и дека пописот  ќе биде  спроведен со употреба на најмодерни алатки и технологии, согласно  меѓународните стандарди и критериуми на Евростат. Истовремено ќе се попишува на терен, преку  директно интервју со лицата, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.

На средбата стана збор и за лицата без документи и бездомните лица кои влегуваат под надлежност на Министерството за труд и социјална политика , лица кои исто така треба да бидат попишани. Притоа, министерката Шахпаска информираше дека Министерството реализираше постапки за обезбедување документи за идентификација на овие лица. Во однос на бездомните лица , преку системот на Центрите за социјални работи  можат да  се обезбедат податоци за нивно лоцирање и евидентирање.

Соговорниците ја истакнаа важноста од претстојниот попис и неговото спроведување со оглед на тоа дека последниот попис во државата е направен во 2002 година. Оваа година  пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот