Средба на министерката Шахпаска со британската амбасадорка Галовеј

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј, на којашто се разговараше за изминатите и тековните активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.

На средбата министерката истакна дека во изминатите пет месеци, откако е на власт оваа Влада, Министерството за труд и социјална политика успеа да донесе два клучни Закони во делот на трудот и социјалната политика. Во октомври беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, а во јануари – Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Британската амбасадорка Галовеј уште еднаш ја потврди поддршката на Британската амбасада во политиките на Министерството за труд и социјална политика и изрази подготвеност да помогне во делот на имплементацијата на новото законско решение кое се однесува за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство,  особено во делот на воспоставување на дата-база на податоци за родово базирано насилство.

Двете соговорнички изразија задоволство за досегашната соработка и подготвеност за реализирање на политиките кои се во нивна надлежност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот