Средба на ЛУТИТЕ РИВАЛКИ во авион: Сека Алексиќ по грешка седнала на местото на Дара Бубамара

Instagram

Дара Бубамара и Сека Алексиќ скоро цела година не сакаат да се видат. Меѓутоа, како што дознава Курир.рс, минатата недела поранешните другарки се сретнале прв пат по подолг период и тоа во авион кој полетал од белградскитот аеродром.

Случајно двете се упатиле на летување во Турција и се погодиле на ист лет. Сека, која прва влегла во авионот со сопругот и со синот, во бизнис класата седнала, се претпоставува ненамерно, на местото што било резервирано за лутата ривалка Дара Бубамара.

Според зборовите на изворот за Курир од лице место, Дара, која исто така била со синот, не сакала да дига галама, а никако да и се обрати на Сека, туку од стјуардесата побарала да ја врати на местото.

„Беше многу интересно кога ги видов на ист лет. Сека пред Дара влезе во авионот и седна на нејзиното место, мислејќи дека е на правилното. Кога Бубамара дојде, сите помисливме дека ќе летаат пердуви. Меѓутоа, кога Дара ја здогледа, не правеше драма, туку ја извести стјуардесата да ја врати нејзината колешка на правилното место. Стјуардесата го направи тоа и Сека со семејството без никакво негодување и го ослободи седиштето на Дара“, открива изворот кој бил очевидец.

Сека со семејството отседнала во луксузен хотел во Белек, а како што пишуваат медиумите за летувањето латила 16.000 евра.

„Нема да коментирам. Своето си го кажав. на неважни лица не им придавам важност. Тоа нема врска со вас, туку одам брате да се бањам, да уживам со синот во летувањето и не забележувам ништо што се случува околу мене “ рекла Дара во врска со случката.

„Информацијата не ви е точна. Тој што ви кажал прашајте го од каде му е невистината, негирала сè Сека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот