Средба на Бајден и Меркел во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел ќе остварат средба во Белата куќа со цел враќање на трансатлантските односи по тензиите во односите со претходната американска администрација.

Посетата на Соединетите држави најверојатно ќе биде последната странска посета на канцеларката пред таа да ја напушти меѓународната политичка сцена на изборите во септември како лидер на најголемата европска економија.

За време на нејзиното 16 годишно владеење, таа ги посети Соединетите Држави повеќе од 20 пати.

За што ќе разговараат Бајден и Меркел?

Денес, Бајден и Меркел се очекува да разговараат за следните чекори кон ставање крај на глобалната корона криза, постпандемичното закрепнување на глобално ниво, климатските промени и меѓународните безбедносни прашања, вклучително и седумгодишниот конфликт во источна Украина

Можно е да се разговара и за контроверзниот гасовод „Северен тек 2“, кој ќе ја снабдува Европа со руски гас преку Германија.

Тој проект од 11 милијарди долари веќе долго време е извор на напнатост во односите меѓу САД и Германија. Вашингтон тврди дека зголемувањето на енергетската зависност од Русија претставува безбедносен ризик.

По влегувањето во Белата куќа во јануари, Бајден изрази противење на овој проект и, како и претходните администрации на Барак Обама и Доналд Трамп, рече дека тоа ќе го зајакне економското и политичкото влијание на рускиот претседател Владимир Путин врз Европа.

„Сè уште веруваме дека „Северен тек 2“ е лош договор за Европа“, рече портпаролот на Белата куќа Јен Псаки на дневниот брифинг на 27 јануари, додавајќи дека администрацијата ќе ги „прегледа“ законските ограничувања поврзани со тој проект.

Ограничувањата за проектот за подводни гасоводи се вклучени во годишниот закон за одбранбена политика усвоен на 1 јануари.

Но, Бајден се предомисли во мај и рече дека решил да ги укине санкциите против компанијата зад гасоводот „Северен тек 2“, бидејќи проектот е при крај и продолжувањето на санкциите може да им наштети на односите на САД со Европа.

Некогаш канцеларката Меркел остро се спротивстави на изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој подоцна беше напуштен.

Пред нејзината посета, активистите на „Џастис глобал“ протестираа во Њујорк против Германија, која се противи на укинување на патентите за вакцини.

Најавени се околу 15 протести пред германските конзулати низ Соединетите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот