Средба министерот Шаќири со британската амбасадорка Галовеј: Поддршка за професионална и транспарентна јавна администрација

Фото: mia.mk

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј.

На средбата, како што соопштија од МИОА, министерот Шаќири изрази задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и Министерството за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош, се вели, се од исклучително значење.

Воедно, се додава, беше изразена благодарност за британската поддршка и во процесот за развивање на електронски услуги, непосредно или преку други партнери и невладини здруженија, како и за поддршката во однос на стручното усовршување на вработени од МИОА, за сајбер безбедност.

– Министерот Шаќири и амбасадорката Галовеј се согласија дека меѓусебната успешна соработка ќе продолжи и натаму со конкретни чекори, со цел овозможување професионална администрација која ќе работи транспарентно и професионално и ќе биде вистински сервис на граѓаните, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот