Средба Мицотакис-Заев следниот четврток во Солун на маргините на „Thessaloniki Summit 2019″

Премиерите на Грција и на Северна Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 2019″, што следниот четврток и петок на 14 и 15 ноември 2019 ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, а освен со Заев, учеството на Самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот