Средба Мицкоски–Јан Коп: Македонија останува најкорумпирана земја во Европа

фото Миа

  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со  амбасадорот на Холандија во државава Дирк Јан Коп, на која, како што соопшти опозициската партија, е афирмирана потребата од оддржување фер и кредибилни локални избори оваа есен.

Мицкоски, стои во соопштението, ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата.

-На средбата Мицкоски се заблагодари на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласи дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението по средбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот