Средба Маричиќ – Данци: Швајцарската донаторска помош директна поддршка на европските реформи

Фото МИА

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со генералнара директорка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Патрициа Данци, придружувана од амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман Марти.

– Швајцарија е еден од врвните билатерални донатори во земјава која има дадено значаен придонес од 1992 година наваму и тоа во клучни сектори од интерес за земјата и граѓаните во областите демократско владеење, учество на граѓаните, локално владеење, но и за инфраструктура, прашања поврзани со водите и рамномерниот регионален развој, како и родовата еднаквост, истакна Маричиќ на средбата.

Маричиќ и Данци разговараа за Швајцарската стратегија за соработка за Северна Македонија 2021-2024, која е тесно усогласена со реформските процеси на Владата за продолжување на интеграцијата во ЕУ и напорите за постигнување на целите за одржлив развој.

Воедно, се додава во соопштението, двајцата посочија дека поддршката од швајцарската Влада за идентификуваните тематски приоритетни области за заедничка соработка, во вредност од околу 65 милиони швајцарски франци, овозможува поддршка на проекти кои ќе придонесат во реализацијата на реформските процеси и усогласувањето со стандардите на ЕУ, но и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

– Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност до директорката Данци за личната заложба и учество во обезбедувањето на донаторската поддршка, за која се согласија дека ќе биде проширена и на високо ниво со цел да се рационализира и да придонесе во спроведувањето на европската агенда во земјата кои се приоритет на Владата, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот