Средба Маричиќ – Абазовиќ: Продолжување на реформите за стабилен Западен Балкан

Бојан Маричиќ Дритан Абазовиќ
Бојан Маричиќ и Дритан Абазовиќ / Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Реформите и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, била тема на денешните разговори во Подгорица на министерот за правда Бојан Маричиќ со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Двајцата соговорници, како што соопшти Министерството за правда, констатирале дека двете земји имаат блиски пријателски односи, но потребно е да се интензивира соработката пред се во размената на искуствата на двете земји во областа правосудство и владеење на правото.

– Ние со Црна Гора имаме навистина одлична соработка, искрено пријателство, нема отворени прашања и единствено што ни останува е да се интензивира соработката и да земаме како држава искуства во процесот на преговори со Унијата, кажа Маричиќ на средбата.

Министерот за правда, кој е во дводневна посета на Црна Гора, ќе се сретне и со својот црногорски колега Сергеј Секуловиќ и со државите секретари на Министерството, а ќе се обрати и на панелот „ЕУ Интеграциони политики во Западен Балкан – Како да се одржува агендата за ЕУ интеграција?“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот