Средба Додик – Ердоган: Мирот нема алтернатива, заканата не може да реши ниту еден проблем

Средба на Додик и Ердоган во 2019-та година/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека во разговорот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган било констатирано дека мирот нема алтернатива и дека секоја закана или употреба на сила не може да реши ниту еден проблем.

Додик смета дека и двајцата мислат дека тоа е најдобро за сите луѓе и дека претседателот на Турција е запознаен со ситуацијата во БиХ и дека денешната средба во Анкара била можност да му ја претстави ситуацијата и да побара од него да ги разбере политичките процеси.

„БиХ и целиот регион заслужуваат мир и тоа е неспорно, но во рамките на внатрешниот дијалог, проблемите и односите треба да се направи се за да се создаде неутрална ситуација која би овозможила дискусија на локалните фактори за отворените прашања“ изјави Додик по средбата со Ердоган, пренесува Српскаинфо.

Во таа насока, додаде Додик, може да биде корисна добрата волја на Ердоган и на другите лидери во регионот, како Александар Вучиќ и Зоран Милановиќ, но потребно е сите останати да се согласат за таков тип на разговор.

Кружат меѓународни шпекулации

Српскиот член на Претседателството на БиХ напомена дека во јавен говор разни меѓународни шпекуланти наметнале гласина за можна дестабилизација.

„Реков дека тоа е само барање за политички дијалог и дека овој дијалог мора да се води и во околности кои за некои можеби не се добри во одреден момент. Мислам дека ова е стратегија во Сараево која има за цел да ги отвори само оние прашања што ним им одговараат, а оние што не угнетуваат нас, Хрватите и другите, се затворени“ нагласи Додик.

Додик рече дека тоа е причината за проблемите во БиХ и дека на турскиот претседател му објаснил како српската страна гледа на работата на високиот претставник во БиХ, дека тој е незаконски и дека неговите постапки немаат никакво значење.

„Важно беше да се каже дека имајќи предвид дека Турција е членка и на Советот за спроведување на мирот“ посочи Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот