Средба Димитров-Дендиас: Зборувавме и за нашата ЕУ иднина, актуелните прашања во регионот и во светот

Шефот на дипломатијата Никола Димитров објави на својот Фејсбук профил дека вчера за време на работната посета на Грција, во Атина имал средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас.

-Разговаравме за добрите билатерални односи и можноста да ја исполниме новата страница на пријателство со конкретни проекти од заеднички интерес. Зборувавме и за нашата ЕУ иднина, актуелните прашања во регионот и во светот, со акцент на пандемијата и како да се справиме со предизвиците со кои сите се соочуваме, напиша Димитров.

За време на работната посета на Грција, вчера во Атина имав средба со мојот грчки колега Никос Дендиас. Разговаравме…

Publiée par Никола Димитров – Nikola Dimitrov sur Jeudi 30 juillet 2020

За средбата се огласи на Твитер и шефот на грчката дипломатија, кој напиша дека со Димитров разговарале за соработката меѓу двете земји во борбата против Ковид-19, актуелните состојби во регионот, а при тоа му честитал и за изборот на пратеник во Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот