Средба Џафери-Вархељ: Заедничките напори ќе донесат почеток на преговорите во март или мај

Комесарот Вархељ посочил дека неговата прва посета надвор од Европската Унија е токму на Република Северна Македонија поради тоа што државата направи најмногу за да ги оствари своите аспирации за европска интеграција и дека на овој начин тој оддава признание на тие напори.

Заедничките напори ќе резултираат со одлука за почеток на преговорите во март или мај оваа година, беше истакнато на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархељ.

Спикерот Џафери посетата на Вархељ, кој е дводневна работна посета на нашата земја, ја смета за поддршка на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат и покрај застојот со кој се соочува.

Тој, како што соопштуваат од собраниската прес-служба, истакнал дека и покрај големото разочарување од недонесувањето на одлука за старт на пристапниот процес по октомврискиот состанок на Европскиот совет, политичките чинители во земјата смогнаа сили и успеаја да останат фокусирани на стратешката цел на државата за полноправно членство во Европската Унија.

Прочитајте и...  Бројот на случаи во Турција надмина 300 илјади, лекарите се сомневаат во официјалните бројки

Џафери истакнал дека иако причината за недобивањето на датум лежи во нерешените внатрешни прашања на самата Унија, политичките лидери на Република Северна Македонија решија да го вратат мандатот кај граѓаните и да ги повикаат да се изјаснат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година за понатамошниот пат на државата. Во периодот што следи, нагласил претседателот Џафери, напорите ќе бидат насочени кон одржување на транспарентни, фер и демократски избори.

Комесарот Вархељ посочил дека неговата прва посета надвор од Европската Унија е токму на Република Северна Македонија поради тоа што државата направи најмногу за да ги оствари своите аспирации за европска интеграција и дека на овој начин тој оддава признание на тие напори. Тој информираше дека неговиот план е до март да се создадат можности за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија и Република Албанија и за таа цел новата методологија за процесот би била претставена до крај на јануари.

Прочитајте и...  Сообраќајна (не)култура: Возење без возачка, управување со неисправни возила, „пајакот“ дигна 72 автомобила

– Пакетот би содржел три столба и тоа методологија за целиот процес, отворање на пристапните преговори со двете држави и нов економски план за целиот регион. Комесарот за проширување Вархељ нагласи дека на октомврискиот самит беше направена грешка и дека новата методологија е начин таа грешка да биде исправена, се ваведува во соопштението.

Претседателот Џафери му се заблагодарил на комесарот за сите негови напори за брзо усвојување на новата методологија и донесување заслужена одлука за почеток на пристапните преговори за Република Северна Македонија што е можно поскоро и истовремено ги поздравил и напорите на Хрватска која како еден од приоритетите на своето претседавање со Европската Унија го поставува обезбедувањето на поддршка од земјите членки за доделување на датум за нашата држава.

Прочитајте и...  Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

Прочитај повеќе

Туризмот во владината програма за периодот 2020-2024 година: Проект „Ѕвезда плус”, археолошки локалитети за домашни и странски гости

Слободен печат

Судир меѓу полиција и демонстранти во Лондон, уапсени 32 лица (ФОТО)

Слободен печат

Трамп на митинг во Северна Каролина: Ќе кандидирам жена за Врховниот суд оти повеќе ми се допаѓаат од мажите

Слободен печат

Пендаровски до патријархот Вартоломеј: Употребете го вашето апелационо право за нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Слободен печат

Регионални избори во Италија и референдум за кратење на бројот на пратеници од 945 на 600

Слободен печат

Анализа на причините: Раст на процентот на позитивни случаи од ковид тестовите од 6,5 на 8

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Метео: Утринските температури до 13 степени, сончево и топло преку ден

Слободен печат

Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Словенија наложи задолжително носење маски и на отворено

Маријана Митровска

Анализа: Во партијата на Вучиќ членува секој деветти граѓанин на Србија, неспоредливо со партијата на Путин

Слободен печат

Уапсени 10 полицајци во рација за нелегални казина во Косово

Маријана Митровска

Нема смртни случаи денеска во Хрватска, но бројот на заразени расте

Слободен печат