Средба Џафери – Абдрашов: Одлични и пријателски се односите меѓу Северна Македонија и Казахстан

Фото: mia.mk

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска го прими во прва официјална посета новоименуваниот амбасадор на Казахстан во земјава Жанибек Абдрашов, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери на средбата како исклучителна ја потенцирал досегашната соработка со претходниот амбасадор и со Казахстанската амбасада, и искажал надеж дека таа ќе продолжи со уште поголема динамика.

– Претседателот ги реафирмираше придобивките од одличните и пријателски односи меѓу двете држави при што особено ја истакна парламентарната дипломатија во унапредувањето на билатералните и мултилатералните односи, политичкиот дијалог и димензирањето на севкупната соработка меѓу двете земји. Претседателот изрази задоволство и од успешното преговарање на три клучни договори од правната сфера, како што се Договорот за заемна правна помош во кривични предмети, Договор за трансфер на осудени лица, како и Договорот за екстрадиција. Воедно, го информираше амбасадорот и за активностите во Собранието, како и за неговата инцијатива за разгледување на можностите за работа на Собранието од далечина, т.е. на дел од пратениците кои од здравствени причини не се во можност да обезбедат физичко присуство на седниците, се вели во соопштението од собранискара прес-служба.

Амбасадорот Абдрашов се заблагодарил за како што рекол, топлиот прием во домот на демократијата и се согласи дека, односите меѓу Казахстан и Република Северна Македонија се пријателски.

– Тој му честиташе на претседателот Џафери за успешната заложба за прием на земјата во НАТО и евроинтеграцискиот процес. Покрај тоа, подвлече дека потесната меѓупарламентарна соработка на ниво на Пратеничките групи за соработка, на обостран интерес, ќе продолжи веднаш штом тоа го дозволат здравствените услови поврзани со КОВИД-19 пандемијата. Неговата Екселенција искажа дека во идната негова мисија ќе се состои во зајакнување на економската соработка на двете земји, зголемување на трговската размена и иницирање на инвестициските активности меѓу двете земји, се додава во соопштението.

Соговорниците искажале уверување за натамошна соработка, взаемна поддршка на мултилатерален план, и јакнење на меѓупарламентарните врски на повеќе нивоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот