Средба Дендиас – Чавушоглу во Братислава

epa08729676 A handout photo made available by the Greek Ministry of Foreign Affairs shows Greek Foreign Affairs Minister Nikos Dendias (L) and Minister of Foreign Affairs of Turkey Mevlut Cavusoglu (R) on bilateral talks during the sidelines of the GLOBSEC 2020 Forum in Bratislava, Slovakia, 08 October 2020. EPA-EFE/HARIS AKRIVIADIS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

На маргините на Глобалниот безбедносен форум „Глобсек 2020″ во Братислава, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас се срена со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, средба за која портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас вели дека „секој канал на комуникација е позитивен”, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на турската дипломатија на неговиот официјален „Твитер ” профил, за средбата со Дендиас напиша дека во следните денови ќе бидат одредени датумите за прелиминарните разговори и мерките за градење доверба.

Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека довербата меѓу двете страни е основно прашање и ја повика Турција да одат напред кон почеток на прелиминарни контакти.

-Исто така, секој канал на комуникација, во конкретниот случај средба на министрите за надворешни работи на маргините на меѓународен форум, е позитивен. Но, во исто време, нема да дозволиме да поминат провокациите, како во нашите билатерални односи, така и оние се однесуваат на пример на Егејското море и Источниот Медитеран или кипарското прашање, рече Пецас и додаде дека тие се спротивни на одлуката на Европскиот совет и се однесуваат на европско -турските односи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот