Средба Царовска – Ружиќ: Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката помеѓу С Македонија и Србија

Унапредување и зајакнување на соработката во образованието и науката, помеѓу Северна Македонија и Србија, како и дигитализацијата во образованието, беа тема на денешниот билатерален состанок во Белград на министрите за образование и наука на двете земји, Мила Царовска и Бранко Ружиќ.

Како што информира МОН, во изјава за медиумите, министерката Царовска, истакна дека двете земји се стремат кон создавање на квалитетното образование кое е во најдобар интерес на учениците.

– Затоа е неопходна соработка, поддршка и размена на искуства во остварувањето на оваа, како што велат, приоритетна цел, нагласи Царовска.

Помеѓу темите за кои што се дискутирало, како што велат, била и дигитализацијата на образованието со што министерката споделила дека Северна Македонија за многу краток период успеа да ги дигитализира услугите за нострификација на дипломи, за аплицирање за степендии, како и за упис во прво одделение во основно образование.

Споменато било и воведувањето на дигиталните учебници при што министерката истакнала дека со оваа реформа се стартува од идната година во четврто одделение, каде ќе се даде предност на користење на дигитални и мултимедијални материјали за учење, кои, како што велат, ќе бидат дополнителна алатка во совладувањето на материјалот.

На средбата се зборувало и за наставата на српски јазик во Северна Македонија при што, како што велат од МОН, Царовска споделила дека нашата држава ги почитува правата на заедниците со што создава мултиетничко и мултикултурално општество со тоа што во подрачјата и општините каде што живее претежно српско население, наставата од 1-9 одделение се одвива на српски јазик а овозможено е и изучување на предметот јазик и култура на Србите од 3-9 одделение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот