Средба Бочварски – Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Фото: mia.mk

Инфраструктурните проекти што се реализираат во делот на патната и на железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата, беа главни теми на разговор на денешната работна средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски со aмбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

– Амбасадорот се запозна со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период, а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка, изјави Бочварски.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, Бочварски и Силвестри на средбата разменија и мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од ковид-кризата.

Министерот Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја потенцира потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот