Средба Блинкен-Лавров на самитот на ОБСЕ, обид за смирување на тензиите

Блинкен и Лавров
Блинкен и Лавров / Фото: „Слободен печат“, Колаж

Како што е најавено, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Стокхолм ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, за време на самитот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Блинкен во средата изрази загриженост поради концентрацијата на руските сили на границата со Украина.

„Не знаеме дали рускиот претседател Владимир Путин донел одлука за инвазија. Знаеме дека има распоредено сили за да го направи тоа брзо, доколку одлучи, рече Блинкен.

Тој изјави дека САД се подготвени да одговорат со серија силни економски санкции против Русија.

Киев тврди дека Русија распоредила повеќе од 90.000 војници на границата со Украина, .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот