Средба Арифи-Нуредини за подобра животна средина во Тетово

Повеќе тековни проекти во Општина Тетово од областа животна средина биле тема на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи.

Како што соопшти денеска МЖСПП, на средбата што се одржала вчера се разговарало и за актуелната изградба на пречистителни станици за отпадни води во повеќе населени места во Општината, како и за реализација на проекти со кои жителите ќе добијат пристап до чиста вода за пиење.

Министерот Нуредини и градоначалничката Арифи се согласиле дека ќе работат на долгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Тетово, разгледувајќи повеќе мерки од Планот за чист воздух, кои се предвидени за реализација во Општината.

Состанокот беше искористен и за разговор околу отпочнување нови проекти што ќе придонесат за зајакнување на постојната блиска соработка меѓу Министерството и Општина Тетово, кои за граѓаните на Тетово ќе значат квалитативно подобрување на состојбата со животната средина, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот