7 C
Скопје

Средата клета да e

Доколку опозицијата обезбеди поддршката од 61 пратеник, може да ја собори актуелната власт во секој ден од месецот или годината. Може и во пресрет на Нова година или Велигден, Може и во понеделник или вторник. Освен во среда. Во средите од некоја причина на опозицијата ѝ е оневозможено да ѝ изгласа недоверба на Владата.

Демократијата во основа се сведува на гласање. Се гласа на избори, се гласа во законодавниот дом. На тој начин се избираат пратениците во Собранието, премиерот и министрите во Владата, се назначуваат судии, а на истиот начин се изгласуваат и закони. Прилично едноставно.

Уште поедноставно изгледа формирањето на владејачкото мнозинство. Потребни се минимум 50 проценти плус еден народен пратеник (61 во нашиот парламент), за да се формира влада на чие чело се поставува премиер. Мандатот на пратениците изнесува четири години, но тоа не важи за членовите на Владата, бидејќи тие во случај да го загубат мнозинството во Парламентот се принудени да ја отстапат власта.

Значи, доколку во еден момент опозицијата поради икс причини обезбеди поддршката од 61 пратеник, со полно право може да ја собори актуелната власт и да промовира нова или да распише избори. Тоа може да се случи во секој ден од месецот или годината. Може и во пресрет на Нова година или Велигден. Може и во понеделник и во вторник. Освен во среда. Во средите од некоја причина на опозицијата ѝ е оневозможено на Владата да ѝ изгласа недоверба. Немам поим зошто, ама така испадна.

Прочитајте и...  Борисов: Ќе предложам друг кандидат за премиер со јасна НАТО и европска ориентација

Во средата (завчера), Владата на премиерот Зоран Заев доби доверба од 62 пратеника, колку што и брои вкупното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ, само два часа откако самиот Заев побара од пратениците да гласаат за доверба на неговиот мандат. Иако сосем неочекувано, но расплетот што се случи во македонскиот парламент стана многу интересен. Наместо опозицијата, која инаку со месеци наговестува дека наскоро ќе случи ново парламентарно мнозинство, гласањето за доверба го побара Заев. И во моментот на гласањето, пратениците од опозицискиот блок ја напуштија собраниската сала. Веројатно дека е среда?

Дека „среда-среќно“ не важи и за опозиционерите потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој поради позитивниот тест на ковид-19, седницата од собранието ја следеше преку телевизиски пренос. „Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид-зараза тие денови ќе поминат. А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи, потврдувајќи дека наскоро, друг ден, но никако во среда, Владата ќе падне.

Прочитајте и...  Македонците „ладни“ на нон пејперот на Јанша

Зошто? Не знам.

Не сум правник, ниту имам политичко искуство, ниту, пак, знам зошто календарот е битен. Размислувам гласно и не сфаќам зошто Мицкоски, иако заразен не ја искористи оваа прилика. Доколку премиерот не располага со неопходното мнозинство гласови, тогаш лидерот на опозицијата можеше да го собори од дневната соба на својот дом, пиејќи топло чајче или сркајќи супа. Но, ете, наместо недела, проклета испадна баш средата. Очигледно е дека зад кулисите на политичкиот живот во Македонија извесно време се одвиваат „прелетачки“ игри, кои минатата среда беа осуетени. Но, по среда доаѓа четврток, петок.

Поврзани вести

Нон-пејперот на Јанша – уште еден доказ за деструктивниот ефект на Десницата врз Балканот

С.Р.

Министерство за економија ќе побара Владата да ја раскине концесијата за песок во Долно Коњари

Југослава Дуковска

Добри вести од Русија: Не е регистриран ниту еден случај на тромбоза по примање на вакцината „Спутник В“

Слободен печат

Како штити вакцината на „Фајзер“, а како на „Астра-Зенека“: Објавено првото истражување, резултатите изненадуваат

Слободен печат

Инвеститорот на висококатниците вели: Не градиме бетонски чудовишта, туку еколошки и енергетско ефикасен проект

ВИДЕО: Возраста засега единствен приоритет за вакцинација, масовна динамика кога ќе пристигнат кинеските 200.000 дози

Марина Дамческа

Остави Коментар